» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Туризам во бандитски квартови
Само неколку километри од луксузните вили и гламур кои ги привлекуваат погледите, туристите во Лос Анџелес може да уживаат во специфична тура, која ги води низ мрачните квартови на локалните банди.
Ако мислите дека патниците кои се впуштиле во оваа авантура ризикувале да станат жртви на бандите, во право сте, но сепак тоа е организирана тура која чини 65 долари.
Организаторите тврдат дека со овие тури се обидуваат на луѓето да им го доловат животот на бандите, а истовремено да им покажат дека луѓето од оваа заедница не се целосно безнадежни како што се прикажуваат во филмовите.
Во турата може да се дознае кратката историја на почетоците на озлогласените банди, и да се посетат местата на кои се снимени „Терминатор“ и „Брилијантин“, со своите познати графити, кои се обележје на тамошните банди.
Потоа следува посета на локалниот затвор, а по него се минува низ територијата на озлогласената банда „13“.
Освен возбудата кај туристите, оваа тура носи и добри работи - работа за десетина ексчленови на бандите, а турата е опишана како „прва во историјата на Лос Анџелес, која овозможува да ги доживеете и да ги посетите местата кои се забранети“.
На патниците, кои во поголемиот дел од турата не излегуваат од автобусот, не им е дозволено сликање и снимање, освен пред крајот на турата кога им се дозволува излегување од автобусот и разгледување на графитите.


