» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Украина: Девет повредени во експлозија во воз
10:00 | 25.01.2010 | Автор: NET PRESS
Девет повредени е билансот од денешната експлозија во воз во Украина информирало украинското министерство за внатрешни работи.
Возот сообраќал на линија меѓу Черновци – Киев.
“Во експлозијата повредени се седум патници и двајца кондуктери. Според првите информации, експлозијата била предизвикана од шише со гас, кое го носел еден патник“, изјавила портпаролот на министерството Ина Касел.
Таа како што јавува агенцијата “Итар тас“ додала дека наскоро ќе биде подигната кривична постапка против патникот.


