» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Украинците избираа меѓу Русија и Западот
Вкупно 18 кандидати, вчера се бореа да го наследат претседателот Виктор Јушченко во Украина. Се очекува дека во првиот круг избори ниту еден од кандидатите нема да го освои потребното апсолутно мнозинство, поради што на 7 февруари најверојатно ќе се одржи и втор круг претседателски избори во Украина. За фаворити се сметаат водачот на опозицијата, Виктор Јанукович, а како второпласирана, според последните анкети во вториот круг избори, би влегла шефицата на украинската влада, Јулија Тимошенко.
Повеќето од кандидатите во програмите и во јавните настапи ја избегнуваа темата европска интеграција, освен Јушченко и Тимошенко.
На оваа тема од страна на водачот на опозициската партија, Виктор Јанукович, можеа да се чујат нејасни формулации. Претседателскиот кандидат, кој се смета близок до Москва, се залага за создавање нов заеднички пазар меѓу Европската унија и Заедницата на независни држави. Јанукович сака да го обнови целосното партнерство со Русија и да создаде партнерство со заемни предности со САД, ЕУ и со најважните држави на Г20. Во изборната кампања, многу повеќе отколку од Јанукович, проруски тонови се слушнаа од претседателските кандидати Сергеј Тигипко, поранешен шеф на Националната банка, како и од претседателот на парламентот, Владимир Литвин. Литвин дури и се заложил да биде воведен ден на руско-украинското партнерство.


