» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Вашингтон - венчавка на хомосексуални двојки
Најмалку 12 истополови двојки се венчаа во американскиот главен град Вашингтон, на првиот ден од стапувањето во сила на Законот кој дозволува брак меѓу припадници од ист пол.Федералниот округ Вашингон е шестта територија во САД, по сојузните држави Конектикат, Ајова, Масачусетс, Њу Хемпшир и Вермонт, каде хомосексѕалните двојки можат законски да ја официјализираат својата врска.Веднаш по добивањето на решението за брак од Судот, Ребека и Делија Тејлор пред судската зграда ги венча нивниот пријател свештеник. - Ние и пред овој закон живеевме како во брак. Ова е само правен документ, во случај на некоја од нас да и се случи нешто, да можеме да ги искористиме нашите права, изјави Ребека.Портпаролот на Судот, Лиа Гуровиц соопшти дека 42 двојки подигнале решенија од Бирото за склучување бракови, од кои 12 уште истиот ден ги вратиле потпишани како доказ дека стапиле во брак. Околу 150 двојки добиле одобрение да склучат брак, откако поднеле молба минатата недела.Дарлин Гарнер, која има 63 години и Кенди Холмс (53) беа едни од првите двојки кои го минаа патот до олтарот.- Вие се сакате и се имате ветено уште одамна. Но, денес љубовта која ја имавте ветено во срцата е призната и од Федералниот округ, изјави пречесниот Дајен Џонсон на нивната венчалната церемонија.- Мотото еднаквост за сите, сега се однесува и за нас, истакна Гарнер.


