» Најкоментирани од последната недела:
Верниците во скопските цркви се греат на свеќи
12:00 | 11.03.2010 | Автор: e-reporter
Црквите од скопската епархија деновиве се без парно греење поради неплатени сметки, а верниците се греат на свеќи.
Скопските цркви побарале од Топлификација да бидат изземени во тарифирањето на цената и да плаќаат како домаќинствата, а не како фирми.
Тие како најголеми потрошувачи на топлинска енергија, за ралика од другите цркви, за денешното издание на „Нова Македониај“ велат дека мака мачат како да ги платат високите сметки за парното и не ја исклучуваат можноста, верниците во црквите да се греат на свеќи.
Регулаторната комисија за енергетика, како што наведува весникот, го одбива ваквото барање со образложение дека, ако се издвои тарифирањето за црквите, тогаш ќе треба да се утврди и посебна цена за градинките, музеите училиштата и за зоолошката градина, кои, исто така, се објекти што не остваруваат профит.
Анкетираните граѓани се револтирани поради студот во црквите и сметаат дека верските објекти прават профит, што може да се забележи по луксузните автомобили кои ги возат поповите