Во 2009 година во Авганистан биле убиени 346 авганистански деца

18:15 | 24.02.2010 | Автор: МИА
Кабул, 24 февруари - Според податоци на ОН, 346 деца биле убиени во Авганистан минатата година, повеќе од половината во воздушни удари на силите на НАТО.

Радхика Кумарасвами, специјален претставник на ОН за децата и вооружените конфликти, која беше во седумдневна посета во Авганистан, изјави дека 131 дете биле убиени во воздушни удари, а други 22 во ноќни акции на специјалните единици од меѓународните сили.

Талибанците се одговорни за смртта на 128 деца минатата година, и седум деца биле користени од бунтовниците како атентаори-самоубијци.
Во 38 случаи не било можно да се докаже кој ги убил децата.

Кумарасвами изјави дека се сретнала со командантот на силите на НАТО во Авганистан, американскиот генерал Стенли Макристал.

Талибанските напади врз училишта се на највисоко ниво во 2009 година - над 600 инциденти. Повеќе од 2.400 цивили се убиени лани што е највисока бројка од паѓањето на талибанскиот режим во 2001 година.