» Најкоментирани од последната недела:
Во јануари во Хрватска над 300 илјади невработени
17:45 | 15.02.2010 | Автор: МИА
Загреб, 15 февруари - Бројот на невработени во Хрватска минатиот месец се искачи над 300 илјади, за прв пат по април 2006 година, соопшти денеска Хрватскиот завод за вработување (ХЗЗ).
Според податоците на Заводот, минатиот месец се евидентирани 309.562 невработени, што е за 6,2 проценти повеќе во однос на декември 2009 година, односно за 21,17 отсто повеќе во споредба со ланскиот јануари.
Последен пат повеќе од 300 илјади невработени лица во Хрватска беа регистрирани во април 2006 година, кога според еведенцијата на ХЗЗ без работа биле 302.406 државјани на Хрватска.
Меѓу новоневработените во јануари 2010 година само 10,7 отсто од нив прв пат бараат работа, додека 89,3 проценти ги загубиле своите работни места во текот на минатиот месец.
Според податоците на ХЗЗ, во јануари 2010 година во Хрватска се вработиле 4.760 лица што е за 35,1 проценти помалку во однос на претходиот месец, односно за 8,4 проценти помалку споредено со јануари 2009 година.