Во Ср­би­ја не­ма кон­тро­ла на ди­е­тет­ски­те пре­па­ра­ти

Фар­ма­це­вти­те ре­а­ги­ра­ат де­ка по­стои за­кон кој за­бра­ну­ва овие ди­е­тет­ски пре­па­ра­ти да се пре­пи­шу­ва­ат ка­ко ле­ко­ви, а на лу­ѓе­то не им се об­јас­ну­ва де­ка не­кои пре­па­ра­ти го оште­ту­ва­ат здрав­је­то.

20:00 | 28.01.2010 | Автор: Соња Танеска Игнатоска

Во Ср­би­ја ни­кој не ги кон­тро­ли­ра ди­е­тет­ски­те средс­тва ка­ко што се пре­па­ра­ти­те за сла­бе­е­ње и оние на ба­за на бил­ки и на ви­та­ми­ни, ја­ву­ва­ат ло­кал­ни­те ме­ди­у­ми.

- При ре­ги­стри­ра­ње­то на овие пре­па­ра­ти ни­кој не го про­ве­ру­ва нив­ни­от со­став, ту­ку са­мо хи­ги­ен­ска­та ис­прав­ност. Кои суп­стан­ции ги со­др­жат и што од тоа по­зи­тив­но вли­јае врз ор­га­низ­мот, ни­кој не знае - ве­ли Ву­ко­са­ва Сте­ва­но­виќ, фар­ма­цевт и член на ор­га­ни­за­ци­ја­та „Фар­ма­цев­тско ја­дро“.

Ср­би­ја во 2004 го­ди­на до­не­се За­кон за ле­ко­ви со кој се де­фи­ни­ра што е лек, а што е ди­е­тет­ски про­из­вод, од­нос­но по­мош­но ле­ко­ви­то средс­тво, ка­ко што до­то­гаш се на­ре­ку­ва­ле мно­гу­број­ни­те пре­па­ра­ти ка­кви што се си­ру­пот про­тив каш­ли­ца, ви­та­ми­ни и пре­па­ра­ти за сла­бе­е­ње. Иа­ко овие пре­па­ра­ти се про­ве­ру­ва­ат во ре­ги­о­нал­ни­те за­во­ди за јав­но здрав­је, го­лем број про­из­ве­ду­ва­чи или увоз­ни­ци на тие пре­па­ра­ти, ка­ко што на­ве­ду­ва Сте­ва­но­виќ, не по­се­ду­ва­ат сер­ти­фи­кат за ис­прав­но­ста на про­из­во­ди­те.

- Нај­го­лем број про­из­во­ди­те­ли са­ми­те до­ста­ву­ва­ат при­ме­ро­ци. Но, со ва­ква­та ана­ли­за са­мо се по­твр­ду­ва ис­прав­но­ста на при­ме­ро­кот, но не и ис­прав­но­ста на це­ла се­ри­ја про­из­во­ди - истак­ну­ва Сте­ва­но­виќ.

До­пол­ни­те­лен проб­лем, спо­ред неа, е рек­ла­ми­ра­ње­то на овие про­из­во­ди.

- По­стои за­кон кој за­бра­ну­ва овие ди­е­тет­ски пре­па­ра­ти да се пре­пи­шу­ва­ат ка­ко ле­ко­ви, а каз­на­та из­не­су­ва и до 30.000 евра. Ме­ѓу­тоа, во пра­кса овој за­кон ни­кој не го при­ме­ну­ва. Рек­ла­ми­ра­ат с* и се­што, а на лу­ѓе­то не им се об­јас­ну­ва тоа де­ка пре­ку­мер­но­то ко­ри­сте­ње на не­кои пре­па­ра­ти мо­же да го оште­ти здрав­је­то - ве­ли Сте­ва­но­виќ.