Воз­ни­јач­ки се пре­се­ли ме­ѓу гле­да­чи­те

За прв­пат во исто­ри­ја­та на го­ле­ми­те тур­ни­ри Ки­на ќе има две те­ни­сер­ки ме­ѓу осум­те нај­до­бри.

20:00 | 25.01.2010 | Автор: Шпиц

Про­дол­жу­ва ели­ми­на­ци­ја­та на фа­во­ри­тки­те на Отво­ре­но­то пр­венс­тво на Ав­стра­ли­ја во Мел­бурн, а нај­но­ва жр­тва е че­твр­та­та но­си­тел­ка Ка­ро­лин Воз­ни­јач­ки. Дан­ка­та е ели­ми­ни­ра­на од На Ли со 6-4, 6-3. Таа во че­твр­тфи­на­ле­то & се при­дру­жи на со­на­род­нич­ка­та Џи Женг и ова е прв­пат во исто­ри­ја­та на гренс­лем-тур­ни­ри­те ме­ѓу осум­те нај­до­бри да има две од Ки­на.

- Имав мно­гу шан­си, осо­бе­но во пр­ви­от сет. Се оби­ду­вав да ја играм мо­ја­та игра, но не ус­пе­вав. Ра­зо­ча­ра­на сум, но ќе се оби­дам да се по­пра­вам во те­кот на дол­га­та се­зо­на ко­ја прет­стои - из­ја­ви атра­ктив­на­та Дан­ка.

Ли На за ме­сто во по­лу­фи­на­ле­то ќе се бо­ри со Ве­нус Ви­ли­јамс, ко­ја ус­пеа да го над­ми­не де­фи­ци­тот од пр­ви­от сет и со 3-6, 6-2, 6-1 да ја сов­ла­да Фран­че­ска Ски­ја­во­не од Ита­ли­ја.
Пр­ва­та но­си­тел­ка и бра­ни­тел­ка на ти­ту­ла­та Се­ре­на Ви­ли­јамс убед­ли­во ја сов­ла­да ав­стра­ли­ска­та ми­ле­нич­ка Са­ман­та Сто­сур со 6-4, 6-2. За ме­сто ме­ѓу че­ти­ри­те нај­до­бри Се­ре­на ќе се со­о­чи со Ве­ра Зво­на­ре­ва ко­ја ја по­бе­ди Ви­кто­ри­ја Аза­рен­ка.

На ма­шки­от дел од тур­ни­рот Ни­ко­лај Да­ви­ден­ко го до­би ма­ра­то­нот про­тив Фер­нан­до Вер­да­ско со 6-2, 7-5, 4-6, 6-7, 6-3. Ру­си­нот во че­твр­тфи­на­ле­то ќе се со­о­чи со свет­ски­от ре­кет број 1 Ро­же Фе­де­рер, кој лес­но сла­ве­ше над Леј­тон Хју­ит со 6-2, 6-3, 6-4. Вто­ра­та че­твр­тфи­нал­на двој­ка ја со­чи­ну­ва­ат Но­вак Ѓо­ко­виќ и Жо-Фил­фред Цон­га.

По­важ­ни ре­зул­та­ти, 4. ко­ло: Ма­жи: Фе­де­рер – Хју­ит 6-2, 6-3, 6-4; Да­ви­ден­ко – Вер­да­ско 6-2, 7-5, 4-6, 6-7, 6-3; Ѓо­ко­виќ – Ку­бот 6-1, 6-2, 7-5; Цон­га – Ал­ма­гро 6-3, 6-4, 4-6, 6-7, 9-7. Же­ни: С. Ви­ли­јамс – Сто­сур 6-4, 6-2; Ли – Воз­ни­јач­ки 6-4, 6-3; В. Ви­ли­јамс – Ски­ја­во­не 3-6, 6-2, 6-1.

Тагови (карактеристични поими за веста):
Тенис |