» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Забременила преку ајфон
Триесетгодишната Шкотланѓанка Лина Брајс четири години се обидувала да забремени. Меѓутоа, успеала во тоа за само два месеца откако почнала да ја користи бесплатната апликација за плодност на ајфон. Таа во петокот родила ќерка, точно на датумот кој го предвидела апликацијата.
- Лекарите не можеа да откријат зошто не можев да забременам. Млади сме и здрави и очекувавме дека с* ќе биде во ред. Ни беше навистина тешко. Почнавме да размислуваме за вештачко оплодување или посвојување. Тогаш сопругот ми подари ајфон за роденден, а јас веднаш ја симнав апликацијата - изјавила Брајс за британскиот таблоид „Сан“.
Брајс објаснила дека во апликацијата го пишала датумот кога добила менструација, при што календарот автоматски ги пресметал најплодните денови, па така таа заедно со својот сопруг почнале да практикуваат секс току во тие денови.
- Терминот за раѓање ми беше во петок. Лола се роди точно како што предвиде апликацијата. Неверојатно. Сега имаме прекрасна ќерка и не можеме да бидеме посреќни - изјавила Лина, додека нејзиниот сопруг заклучува дека овој телефон бил најдобриот подарок кој некогаш & го подарил на сопругата.


