» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Загина работник
13:00 | 04.03.2010 | Автор: e-reporter
Скопјанец го загубил животот, откако паднал од фабрички покрив при изведување на работи во кругот на поранешната фабрика за фрижидери „Фринко“ во Битола.
Полицијата денеска го потврди инцидентот во кој загинал работникот идентификуван со иницијали Б.Т (50) од Скопје.
Инцидентот се случил влера попладне во индустрискиот дел на Битола.
Б.Т изведувал работи на откривање на лимен покрив од халата, при што лимениот плех попуштил и работникот пропаднал низ отворот. Загинал при пад од висона од околу 8.5 метри.
Телото на починатиот е предадено за обдукција.


