За­ко­ра­ве­ни ман­тии во тр­ка­та за срп­ски па­три­јарх

Нај­се­ри­оз­ни­те трој­ца кан­ди­да­ти за нов срп­ски па­три­јарх се од та­бо­рот на оние со цвр­сти на­ци­о­на­ли­стич­ки ста­во­ви и нак­ло­не­тост кон Гр­ци­ја, што не вле­ва го­ле­ма на­деж де­ка цр­ков­ни­от спор мо­же да би­де раз­ре­шен.

16:00 | 20.01.2010 | Автор: Петре Ристовски

Го­ле­ми се шан­си­те име­то на но­ви­от срп­ски па­три­јарх да би­де поз­на­то утре, ко­га во Бел­град ќе поч­не за­се­да­ни­е­то на Са­бо­рот на Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. Ако се зе­мат пред­вид оп­ти­ми­стич­ки­те нај­а­ви на все­лен­ски­от па­три­јарх Вар­то­ло­меј да­де­ни за вре­ме на опе­ло­то на по­кој­ни­от срп­ски па­три­јарх Пав­ле, на не­го­ви­от нас­лед­ник ќе му при­пад­не исто­ри­ска­та за­да­ча да го ре­ши по­ве­ќе­де­це­ни­ски­от спор со МПЦ. Тој тре­ба да ги отко­чи пре­го­во­ри­те ме­ѓу МПЦ и СПЦ, кои по­себ­но зап­наа по ин­ста­ли­ра­ње­то на срп­ски­от ег­зар­хат на те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја во ли­це­то на т.н. Пра­вос­лав­на охрид­ска ар­хи­е­пи­ско­пи­ја пред­во­де­на од рас­чи­не­ти­от по­ра­не­шен вла­ди­ка Јо­ван Вра­ни­шков­ски.

Но, од дру­га стра­на, поз­на­ва­чи­те на цр­ков­ни­те со­стој­би не ја иск­лу­чу­ва­ат мож­но­ста и за евен­ту­ал­но вло­шу­ва­ње на од­но­си­те со МПЦ, во за­вис­ност од тоа кој од трој­ца­та нај­се­ри­оз­ни кан­ди­да­ти, вла­ди­ци­те г. Ам­фи­ло­хиј, г. Ири­неј и г. Па­хо­миј. ќе го пре­зе­ме водс­тво­то.

- За се­га Срп­ска­та цр­ква има свои вна­треш­ни проб­ле­ми и ло­би­ра­ња око­лу из­бо­рот на но­ви­от па­три­јарх и не­ре­ал­но и не­об­је­ктив­но би би­ло да се оче­ку­ва пре­го­во­ри­те со МПЦ да поч­нат вед­наш по из­бо­рот, ка­ко и тоа да се прог­но­зи­ра из­бо­рот - оце­ну­ва порт­па­ро­лот на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква г. Ти­мо­теј.

Од Бел­град, пак, ја не­ги­ра­ат евен­ту­ал­на­та вме­ша­ност и при­ти­со­ци на по­ли­тич­ки­те и ака­дем­ски­те ло­би-гру­пи при из­бо­рот и ра­бо­та­та на но­ви­от срп­ски па­три­јарх, за кои поз­на­ва­чи­те на цр­ков­ни­те од­но­си твр­деа де­ка се ви­стин­ска­та при­чи­на за не­приз­на­ва­ње­то на авто­ке­фал­но­ста, па и име­то на МПЦ, во вре­ме­то на па­три­јар­хот Пав­ле. Не­о­дам­на срп­ски­от епи­скоп Ла­врен­тиј ја не­ги­ра­ше вме­ша­но­ста на кои би­ло ло­би-гру­пи при из­бо­рот и ре­че де­ка из­бо­рот ќе би­де по стро­ги цр­ков­ни пра­ви­ла.

При­вре­ме­но на па­три­јар­ши­ски­от трон се­га е ми­тро­по­ли­тот Ам­фи­ло­хиј, кој во­ед­но ва­жи и за нај­се­ри­о­зен кан­ди­дат за нов срп­ски па­три­јарх. Тој е прет­став­ник на та­ка­на­ре­че­но­то кон­зер­ва­тив­но кри­ло во СПЦ. Иа­ко ја приз­на­ва ка­но­нич­но­ста и апо­стол­ска­та сук­це­си­ја на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква - Охрид­ска ар­хи­е­пи­ско­пи­ја, не се иск­лу­чу­ва мож­но­ста пре­го­во­ри­те со МПЦ под не­го­во мен­торс­тво да би­дат отеж­на­ти, за­тоа што тој ин­си­сти­ра и на учес­тво на Вра­ни­шков­ски на пре­го­ва­рач­ка­та ма­са со МПЦ. Евен­ту­ал­ни­от из­бор на Ам­фи­ло­хиј би мо­жел да го проб­ле­ма­ти­зи­ра приз­на­ва­ње­то на авто­ке­фал­но­ста и име­то на МПЦ, оти Ам­фи­ло­хиј се истак­ну­ва и ка­ко про­тив­ник на оби­ди­те за прог­ла­су­ва­ње на не­за­вис­но­ста на Цр­но­гор­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. Поз­нат е и по сво­јот цврст на­ци­о­на­лен став и бли­ско­ста со грч­ко­то пра­вос­лав­но кри­ло и е го­лем бо­рец про­тив приз­на­ва­ње­то на не­за­вис­но­ста на Ко­со­во.

Цвр­сти­от про­на­ци­о­на­лен став и бли­ско­ста со грч­ка­та стра­на се од­ли­ки и на г. Ири­неј и г. Па­хо­миј, кои сво­е­то обра­зо­ва­ние го за­вр­шу­ва­ат на Атин­ски­от бо­гос­лов­ски уни­вер­зи­тет.

Ина­ку, мно­гу е ве­ро­јат­но де­ка име­то на но­ви­от срп­ски па­три­јарх ќе би­де поз­на­то уште утре, а не­го­во­то во­сто­ли­чу­ва­ње на тро­нот да би­де прет­стој­ни­ов ви­кенд.

Ни­шки­от епи­скоп Ири­неј го не­ги­ра вли­ја­ни­е­то на епи­ско­пи­те на т.н. ПОА во из­бо­рот на па­три­јар­хот, иа­ко офи­ци­јал­но е по­твр­де­но нив­но­то учес­тво на Са­бо­рот. Но, без раз­ли­ка да­ли вли­ја­ни­е­то на Вра­ни­шков­ски во из­бо­рот ќе би­де мар­ги­на­ли­зи­ра­но или не, не­го­во­то учес­тво во из­бо­рот е не­по­вол­но за МПЦ, со ог­лед на не­го­ви­от став про­тив име­то и авто­ке­фал­но­ста на МПЦ.