» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Запатеро: ЕУ ќе и помогне на Грција
10:45 | 11.02.2010 | Автор: МИА
Шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро изјави дека Европската унија ќе ја поддржи Грција и ќе и помогне да ги надмине проблемите.
- Европските земји, посебно оние од еврозоната сакаат да ја поддржат Грција ,која е соочена со буџетска криза без преседан, рече Запатеро, чија земја претседава со Унијата.
Тој не прецизираше за каков вид поддршка станува збор, но истакна дека земјите од ЕУ и Еврогрупата сакаат да и помогнат на Грција.
Премиерот на Грција Јоргос Папандреу вчера изјави дека неговата Влада ќе ги преземе сите неопходни мерки за годинава да ја исполни својата цел - намалување на буџетскиот дефицит и додаде дека во целост ќе ја примени програмата за буџетско штедење.
Според правилата на еврозоната буџетскиот дефицит може да биде најмногу три отсто од бруто домашниот производ, а Грција се надева дека дефицитот од 12,7 отсто од 2009, годинава ќе го намали на 8,7 додека во 2012 ќе ги достигне саканите три отсто од БДП.