Же­ле­ва по­ба­ра оста­вка од си­те функ­ции

12:00 | 19.01.2010 | Автор: Шпиц

Бу­гар­ски­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти Рум­ја­на Же­ле­ва и кан­ди­дат за евро­ко­ме­сар ис­пра­ти пис­мо до пре­ми­е­рот на Бу­га­ри­ја, Бој­ко Бо­ри­сов, во кое ба­ра оста­вка од си­те функ­ции.

- Ве мо­лам да ја при­фа­ти­ме мо­ја­та оста­вка од си­те по­зи­ции, кои ги за­зе­мам, за да мо­же­те да ги пре­зе­ме­те не­оп­ход­ни­те мер­ки за пов­ле­ку­ва­ње на мо­ја­та кан­ди­да­ту­ра за бу­гар­ски евро­ко­ме­сар, се на­ве­ду­ва во пис­мо­то.

Прет­ход­но Европ­ска­та на­род­на пар­ти­ја во Бри­сел со­оп­шти де­ка бу­гар­ски­от кан­ди­дат за функ­ци­ја­та евро­ко­ме­сар за ме­ѓу­на­род­на со­ра­бо­тка, ху­ма­ни­тар­на по­мош и ре­а­ги­ра­ње на кри­зи, Же­ле­ва, ја пов­лек­ла сво­ја­та кан­ди­да­ту­ра.

- Од 2007 го­ди­на до­се­га си­те мои дек­ла­ра­ции, да­де­ни во уло­га на евро­пра­те­ник, кан­ди­дат за евро­ко­ме­сар од Бу­га­ри­ја и да­но­чен об­врз­ник се јав­ни. Си­те де­та­ли од мо­ја­та про­фе­си­о­нал­на ка­ри­е­ра се поз­на­ти. Во таа смис­ла се­кој кој имал ин­те­рес мо­жел да ги доз­нае си­те де­та­ли за ме­не и за тоа да им се обра­ти на над­леж­ни­те ор­га­ни во Бу­га­ри­ја, во слу­чај на сом­не­ва­ње за не­ка­кви на­ру­шу­ва­ња - наг­ла­су­ва Же­ле­ва.

Же­ле­ва бе­ше об­ви­не­та од евро­пар­ла­мен­тар­ци­те за су­дир на ин­те­ре­си. Европ­ска­та ко­ми­си­ја по­доц­на по­ба­ра да & би­дат до­ста­ве­ни си­те до­ку­мен­ти за биз­нис-ин­те­ре­си­те на Же­ле­ва.

Дол истак­на де­ка по­ра­ди тоа ЕП не­ма да мо­же да гла­са за но­ви­от со­став на ЕК на 26 ја­ну­а­ри, ка­ко што бе­ше пла­ни­ра­но, би­деј­ќи бу­гар­ска­та вла­да тре­ба да по­ну­ди нов кан­ди­дат.

Спо­ред не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции, но­ви­от бу­гар­ски кан­ди­дат за евро­ко­ме­сар е Кри­ста­ли­на Ге­ор­ги­е­ва од Свет­ска бан­ка.

Дол до­да­де де­ка, нај­ве­ро­јат­но, но­ви­от со­став на ЕК ќе би­де одо­брен во фе­вру­а­ри.

Тагови (карактеристични поими за веста):
Бугарија |