» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Еве ви дијалог, да ве видам сега!
Црвенковски објави дека прифаќа било каков деловник што ќе го предложи власта, пратениците на СДСМ ќе се вратат на кординациите кај спикерот Вељановски, а не мора да се формира комисија за контрола како се трошат народните пари.
СДСМ ќе подржи и ќе изгласа било каков деловник по мерка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и актуелниот од 2008 година. Опозициската партија се откажува од иницијативата за формирање на собраниска комисија за контрола на трошењето на народните пари. Освен тоа, водејќи се од националните интереси и искрена определба за продлжување на евроатланските интергации, СДСМ одлучил да се врати на на кординациите кај спикерот Трајко Вељновски, без разлика што ќе се дискутира, дали нешто се договара и дали договореното потоа ќе се почитува.
- Со ова, критериумот за функционален политички дијалог е целосно исполнет и симнат од дневен ред. Таму каде што ние како опозиција можевме да влијаеме, работата е завршена – изјави вчера лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, во пресрет на годишниот извештај на Европската унија за напредокот на земјава, со што топката на одговорноста целосно ја префрли врз плеќите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, за се останато, како на пример, за состојбите во политизираното судство и за партизираната администрација, за притисоците врз медиумите и врз невладиниот сектор, за корупцијата, за криминалот и за катастрофалната економска ситуација, целокупната одговорноста е лоцирана кај владата. Како што нагласи тој, СДСМ не сака да биде алиби или изговор за евентуален неуспех на надворешно-политички план.
- Евроатланските интеграции за СДСМ, но и за огромното мнозинство наши граѓани, остануваат највиоск приоритет, единстевна сериозна алтернатива за иднината на нашата земја. Единствен критериум, во чие исполнување учествува со подеднаква доза и влијание и опозицијата, е политичкиот дијалог – рече тој, додавајќи дека СДСМ и мината година го помогна позитивниот извештај на ЕК, со безусловната подршка во изгласувањето на неопходните закони со европско знаменце.


