Минатата година 119 доктори на науки, 64 жени

10:30 | 10.03.2010 | Автор: МИА

/ Во 2009 година 119 лица стекнале звање доктор на науки, што е 36,8 отсто повеќе од 2008 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Најголем број од нив докторирале во областа на општествените науки - 30,3 проценти, на медицински науки 23,5 отсто, хуманистички науки 18,5 отсто, а останатите лица докторирале во областа на природно-математичките, техничко-технолошките и биотехничките науки.
Поголем е бројот на жени кои лани одбраниле докторска дисертација - 64 или 53,8 проценти. Од вкупниот број лица што го стекнале звањето доктор на науки 73,9 отсто се занимаваат со образовна дејност.

commercial