» Најкоментирани од последната недела:
Америка неверна, Обама за „Северна“
Грчките весници, вчера повторно осамнаа со извештаи дека официјален Вашингтон наводно се согласил името и јазикот на Македонија да бидат преименувани во „Република Северна Македонија“ и „северномакедонски“.
Атинските весници „То вима“ и „Та неа“’, кои се сметаат за блиски до владејачкиот Пасок, објавија дека на средбата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу со американскиот претседател Барак Обама, од Атина било побарано „да го преиспита својот став“ во однос на спорот за името и да го „разгледа“ предлогот „Република Северна Македонија“.
Повикувајќи се на анонимни американски дипломатски извори, весниците, како што пренесува „еРепортер“, наведуваат дека „Вашингтон е подготвен да го информира Советот за безбедност на ОН оти името „ПЈРМ“ може да се замени со „Република Северна Македонија“, а јазикот како „северномакедонски“.
Папандреу, според „То вима“, го информирал американскиот претседател и неговиот државен секретар Хилари Клинтон дека ќе одговори откако „во детали ќе го разгледа нивното барање“.
Во официјалните извештаи од средбите што Папандреу ги имаше во Вашингтон со Обама и со Клинтон, со ниту со еден збор не беше споменато дека на нив се разговарало за проблемот што Грција го има со Македонија, ниту пак се даваат американски сугестии како тој спор треба да се реши.


