Австралиската телевизија се извини за Пандев

10:30 | 11.03.2010 | Автор: e-reporter
Австралиската телевизија FoxSports се извини денеска за гафот со Горан Пандев, кога неодамна го наведе како Бугарин инагласидека се случила „ненамерна грешка“
Телевизијата на 2 март го претстави најдобриот македонски фудбалер како Бугарин, при објавувањето на составот на Интер со националноста на играчите на италијанскиот првак.
„Како што е познато, Горан Пандев, всушност, е член на националната фудбалска репрезентација на Република Македонија. Ние се извинуваме за ненамерната грешка и искрено жалиме доколку со тоа предизвикавме навреда“, се наведува во офицџијалната реакција на австралиската телевизија FoxSports,пренесува еРепортер..
Извинувањето уследи, по реакцијата која до медиумот ја упати македонската Амабасада во Австралија.