» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Црвенковски го вика Груевски на дуел
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, вчера го повика премиерот Никола Груевски на ТВ-дуел.
- Подготвен сум да разговараме за се, за транзицијата, но и за преродбата и за фамилиите, за патриотизмот, но најмногу сум подготвен да разговараме за тоа како да се решат проблемите на граѓаните - рече Црвенковски.
Тој уште еднаш побара од Груевски да покаже храброст и да излезе на ТВ-дуел, оставајќи притоа народот да процени кој е во право.
Црвенковски истакна дека Македонија е првата земја во светот каде што власта организира протести против опозицијата.
- Најголема желба на ВМРО-ДПМНЕ е СДСМ да се самораспушти, да се полиеме со бензин и да се самозапалиме или да му потпишеме на Груевски доживотен мандат, но тоа нема да се случи - рече Црвенковски.
Запрашан во врска со најавите за промени во изборниот законик, Црвенковски рече дека СДСМ има свои предлози за измените на изборниот законик.
- Прво, да нема злоупотреби на јавните фондови за предизборна кампања, и второ, да се исчисти изборниот список - рече Црвенковски.


