» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Египќаните ќе градат пирамида до Александар
Египќаните имаат многу јунаци кои би нашле свое место на плоштадот, како на пример Немзи Арифи, основоположникот на будењето на свеста на Египќаните во земјава, истакнуваат од Сојузот на Египќани
21:15 | 03.03.2010 | Автор: Влатко Стојановски
Пирамида на скопскиот плоштад побара вчера Сојузот на Египќани во Македонија. Според нив, доколку овој проект сака да има мултиетничка димензија, мора да содржи обележја и на малите етнички заедници, а не како што досега се предвидува, да ги одразува само особините на Македонците и Албанците.
- Ние го поддржуваме проектот, но мислиме дека тој треба да ја одразува мултиетничноста на земјата, а не да ја потенцира бинационалноста затоа што тоа води кон дискриминација. Ако се става се и сешто, тогаш и ние инсистираме да се стави нашето обележје, на пример пирамида - ни изјави првиот човек на Сојузот Демир Далип.
Според него, Египќаните имаат многу јунаци кои би нашле свое место на плоштадот, како на пример Немзи Арифи, основоположникот на будењето на свеста на Египќаните во земјава, потоа народните борци Парис Мустафа и Бекир Аливиза.
Исто така, свое место би можела да најде и египетската божица Изија, а како дел од своите желби Египќаните ги напоменуваат пирамидата и сфингата, кои би биле голема туристичка атракција, но не во време на економска криза.
За разлика од нив, пратеникот и претседател на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, подвлекува дека на Ромите не им е потребен Таџмахал со оглед на тоа дека, како што декларираат, потекнуваат од Индија. Наместо тоа, тие сакаат личности битни за ромската историја и култура.
- Покрај браќата Рамиз и Хамид, ние би го предложиле Јусуф Шаип, творец на ромската граматика и читанка, како и Фаик Абди без кој немаше да има ромска политика - изјави Бајрам.
Сепак, Барјам појаснува дека Ромите веќе имаат еден свој споменик, а тоа е чистачот на чевли. Како што посочи тој, секаде во светот Ромите се препознавале по чистачи на чевли.
Дел од фалангата на Александар
Ние имаме најпозитивно мислење за споменикот на Александар
Македонски и неговата фаланга бидејќи Египќаните како дел од војската на овој голем светски освојувач, всушност, претставуваат негови директни потомци.
- Преку македонската фаланга ние сме дошле на овие простори - рече Далип додавајќи дека целосно стојат зад името Македонија.


