Египќаните во Македонија бараат вклучување во преамбулата на Уставот

17:00 | 27.06.2010 | Автор: МИА
Настојувањата за признавање на Египќаните како посебна етничка заедница која живее и егзистира во Македонија продолжуваат и натаму, беше речено на одбележувањето на 20 години од постоењето на првата општествено-политичка организација на Египќаните во Македонија што денеска се одржа во Струга.Според Рубин Земон, претседател на Сојузот на балкански Египќани, главен проблем за Египќаните е тоа што како заедница располагале со малку образовен кадар кој може да се соочи со проблемите.Земон, меѓу другото, истакна дека здружени во мрежа за мултиклутурно општество со останатите помали етнички заедници и понатаму ќе инсистираат да бидат вклучени во преамбулата на македонскиот Устав.
- За жал, во изминативе дваесет години сме целосно маргинализирани од општеството, затоа работиме максимално на рушење на тие бариери, рече Земон.На одбележувањето на годишнината во Струга беа присутни преставници на сите политички партии. Според неофицијални податоци, во Македонија живеат околу 5000 Египќани.