» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Граѓани протестираа пред седиштето на СДСМ
Група стечајци, невработени и прогласени за технолошки вишок, земјоделци и други граѓани, денеска мирно протестираа пред седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Скопје.
Велат дека се членови на граѓанската иницијатива „Жртви на транзицијата“ и оти се спротиставуваат на злоупотребите и манипулациите на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
- Се собравме пред седиштето на партијата на Бранко Црвенковски која беше на власт во времето кога ние страдавме, за да потсетиме на тоа време, на времето на корупцијата и криминалот, кога малкумина се богатеа, а ние обичните граѓани осиромашувавме, изјави членот на граѓанската иницијатива „Жртви на транзицијата“ Лилјана Миленкова.Тие ги повикаа сите граѓани да се приклучат кон граѓанското движење за, како што велат, спротивставување на „лицемерието на транзициските политичари“.


