Груевски: Не планираме предвремени избори

15:00 | 28.06.2010 | Автор: МИА

Не се планираат предвремени избори, повтори денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе има избори пред или по ноември како што бара на опозициската СДСМ.Според него, на вчерашниот митинг на СДСМ не било кажано ништо ново, а говорот на лидерот на партијата Бранко Црвенковски наликувал на оној од 2002 година.- Бројноста беше скромна околу 8.000 до 8.500 илјади луѓе. Не слушнавме ништо ново од Црвенковски. Немаше понуда на решенија, само плукања, обвинувања, критики, напади, лични дисквалификации. Тоа во голема мера наликува на неговиот говор од 2002 година кога постојано напаѓаше, плукаше, обвинуваше без да нуди решенија или дури и да понуди некогаш без да каже како ќе го направи. Идентично беше и вчера, така што да се збуни човек дали го гледа Бранко во 2002 или во 2010 година, изјави Груевски по денешната редовна шестмесечна средба со партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.Во врска со спорот со името, премиерот Груевски рече дека има позасилени контакти на медијаторот Метју Нимиц со двете страни, но оти засега немаат јасни сигнали дали наскоро ќе излезе со конкретен предлог. - Очигледно е дека има позасилени контакти од страна на медијаторот Нимиц до двете страни во смисла на вршење консултации. Претпоставуваме дека тоа го прави со намера да понуди некое решение во иднина. Немаме засега јасни сигнали за негов предлог набрзо, меѓутоа имаме интензивирање на неговите контакти со двете страни, рече Груевски.Прашан дали ќе има решение пред Самитот на НАТО, Груевски со став дека е тешко да се одговори затоа што тоа не зависи само од нас, туку и од другата страна.- Веројатно е возможно, меѓутоа доколку кај другата страна има волја тоа да се случи и доколку има разбирање и почит кон она што е на државен и национален интерес, нагласи Груевски.Спорот за името и светската економска криза беа тема на денешната средба на коалиционите партнери од коалицијата „За подобра Македонија“. - Поминавме шест месеци исклучително тешки за мене како премиер заради две крупни причини - светската еконоснмка криза и нејзиното влијанси во Македонија и проблемите што ни се создадени со прашањето за името заради што имаме опструкции за реализација на нашите планови за влез во НАТО и ЕУ. Тоа беа двата крупни проблема кои не преокупираа и на кои ќе останеме посветени и во наредниот перид во барање решенија за подобрување на состојбата, изјави Груевски.Пред почетокот на средбата дојде до вербална расправија и туркање меѓу снимател на телевизија ЕРА и обезбедувањето.Премиерот Груевски изрази жалење за она и најави дека ќе бидат преземени мерки доколку било постапено надвор од овластувањата.- Мене ми е жал за тоа. ќе го испитаме случајот. Доколку некој постапил надвор од правилата ќе бидат преземени мерки, рече Груевски.