» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Хипо не се повлекува од Македонија
15:00 | 12.03.2010 | Автор: e-reporter
Aвстриската групација Хипо Алпе Адриа планира да се повлече од Црна Гора, Македонија, Бугарија, Украина и Унгарија , јави денеска порталот „Блумберг“.Овој интернет портал, како што пренесува „еРепортер“ се повикува на пишувањето на виенскиот економски весник „Виртшафтсблат“.Хипо Алпе Адриа Банката беше национализирана минатата година и до крајот на овој месец до Европската унија треба да достави план за свое рестрктуирање. Но од седиштето на Хипо нема каква било официјална информација за тоа дека групацијата се повлекува од регионот. Официјален претставник на групацијата во Македонија за „еРепортер“ изјави дека и порано имало слични вести кои, меѓутоа, се покажале за неточни. „Хипо Македонија не се повлекува, пред се поради долгорочното портфолио што го има во земјата, кое до сега тежи 50 милиони евра. Во реализација се и нови инвестиции на национален план. Информациите за некакво повлекување не се во корелација со политиката на Хипо во Македонија“, изјави за „еРепортер“ Љупка Наумовска, портпарол на групацијата Хипо Алпе Адриа Лизинг. Мнозинскиот капитал на групација Хипо од минатата година премина во раце на австриската држава. Таа сега одлучува дали и какви нови структурирања же изврши на групата земји.


