Јанкулоска – Азилантите намалени на "незначителна бројка"

15:30 | 12.03.2010 | Автор: e-reporter
Бројот на луѓето-баратели на азил во западноевропските држави евидетно е намален до „незначителна бројка“, соопшти македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Министерката по средбата со нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ, на која главна тема беше прашањето за азилантите, рече дека двете држави ќе соработуваат против злоупотребата на визната либерализација.
Јанкулоска прецизираше дека вкупно 409 македонски државјани побарале азил во Белгија, според официјалните податоци од Брисел. Од Србија 400 лица барале азил во Белгија, а 500 до 600 во Шведска, рече министерот Дачиќ.
Српскиот министер истакна дека е важно Европа „да не се уплаши“ од Западниот Балкан и поради „лажните азиланти“ и да се загрози европската иднина на регионот.
Македонија и Србија ќе ги проверуват туристичките агенции за евентуален криминал преку поттикнување или организиран транспорт на имигранти во Европа. Српскиот министер рече дека евидентирана соработка меѓу неколку агенции од Србија и Македонија, чие работење се проверува..
Во Македонија за злоупотреба се санкционирани осум агенции.