» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Јован олеснувач во преговорите меѓу МПЦ и СПЦ?
Никогаш и под никакви услови нема да седнеме со Вранишковски на преговарачката маса, вели владиката Тимотеј. Нашите срца се отворени, одговараат во ПОА.
21:00 | 27.01.2010 | Автор: Шпиц
Македонската православна црква никогаш нема да седне да преговара со Вранишковски, па макар и да не се реши спорот со СПЦ, изјави вчера владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ. На оваа изненадувачки остра изјава вчера, ексклузивно за „Шпиц“, одговори најблискиот соработник на владиката Јован на ПОА, епископот Давид.
- Секој човек би требало да размислува за единство. Дури и политички, а камоли црковно, потребно е да се има доблест да се прости. Ако некој во политиката се огласува дека никогаш нема да преговара, тоа за таквиот човек значи политичко самоубиство. Во таа насока, изјавите за затвореност за преговори се апсолутно штетни за тие што имаат потреба од преговори. Јас лично сведочам дека архиепископот Јован во своите посланија и настапи секогаш нагласува дека вратите на нашите срца се отворени за сите што имаат конструктивен пристап кон преговорите - вели епископот Давид.
Во ПОА, чиј поглавар Јован се врати во Македонија, се изненадени од реакциите на МПЦ, особено по настаните во Белград, каде што на погребот на поглаварот Павле и на востоличувањето на новиот поглавар Иринеј, владиците на МПЦ беа пречекани цивилизирано и со рамноправен третман. Епископот Давид е убеден дека владиката Јован има можност да помогне за конечно надминување на сите проблем меѓу црквите, за доброто на овој народ и на оваа држава.
Но, во МПЦ не мислат така. Македонските владици се огорчени по најавата на српскиот патријарх Иринеј дека прво МПЦ треба да се договори со нерегистрираната ПОА, па потоа со нив.
Ако н* условат со Вранишковски, преговорите нема да почнат, остро одговори портпаролот на САС на МПЦ-ОА, г. Тимотеј. За македонските владици Вранишковски претставува „тројански коњ“, преку кој се создаваат услови во САС да се создава раскол и преговарачкиот процес да се пренасочи.
Што кажа владиката Иринеј?
Ние сме блиски, имаме заедничка историја, култура и разбирливи јазици. Тоа што се случуваше досега не е нормално и ние секогаш правевме с* за да го надминеме тој проблем. Досега не сфаќаа доволно. Сега сфаќаат. Но, сега имаат нов проблем. Постои официјална македонска црква, која тие не ја признаваат, а сите други цркви ја признаваат. Сега ќе треба напор и од нивна страна за меѓусебно да го решат тој проблем, изјави Иринеј, алудирајќи дека предуслов за почеток на преговорите е наоѓање решение со т.н. ПОА, предводена од расчинетиот владика Јован Вранишковски.


