Марш во авто­бус!

По бесп­лат­но­то ба­ња­ње, ста­саа и бесп­лат­ни­те пе­точ­ни би­ле­ти на ЈСП. Ба­рем в пе­ток се ос­ло­бо­див­ме од пен­зо­си­те од до­ма - не­ма ве­ќе дре­ме­ње пред те­ле­ви­зор, си­те на па­зар и ве­чер во ди­ско!

21:45 | 24.01.2010 | Автор: Петре Ристовски

Скоп­ски­те пен­зи­о­не­ри ќе мо­жат се­кој пе­ток бесп­лат­но да се во­зат со авто­бу­си­те на ЈСП, ако по­ка­жат лич­на кар­та. Оваа од­лу­ка ја до­не­се Ко­це Тра­ја­нов­ски, во кон­сул­та­ци­ја со пре­ми­е­рот Гру­ев­ски, а за неј­зи­на ре­а­ли­за­ци­ја, го­диш­но гра­дот Скоп­је ќе изд­во­ју­ва 25 ми­ли­о­ни де­на­ри.

Скоп­ја­ни ре­а­ги­ра­ат, со образ­ло­же­ни­е­то де­ка се стиг­ма­ти­зи­ра­ни и по­де­ле­ни:
- Вла­ста ку­пу­ва гла­со­ви од пен­зи­о­не­ри­те, пр­во со ба­ња­ње, по­тоа со авто­бу­ски би­ле­ти. Што не на­пра­ват и за ме­не еден сло­бо­ден ден во не­де­ла­та да мо­жам бесп­лат­но да се пре­ве­зу­вам, ба­рем тол­ку сум зас­лу­жил. И она­ка сум со­ци­ја­лен слу­чај, да не имам па­ри да си ку­пам авто­мо­бил? - ре­вол­ти­ра­но ве­ли еден гра­ѓа­нин до­де­ка че­ка на авто­бу­ска по­стој­ка.

До­пол­ни­тел­но не­го­ду­ва­ње изра­зу­ва­ат и жи­те­ли­те на дру­ги­те гра­до­ви. Нив­на­та мар­ги­на­ли­зи­ра­на со­стој­ба се дол­жи на тоа што си­те актив­но­сти се од­ви­ва­ат во глав­ни­от град, а по­ма­ли­те на­се­ле­ни ме­ста оста­ну­ва­ат за­бо­ра­ве­ни.

- Не­мам про­тив што им се овоз­мо­жу­ва на пен­зи­о­не­ри­те бесп­ла­тен пре­воз. Ама, не е во ред што тоа се слу­чу­ва са­мо во глав­ни­от град, а ние ка­ко да не по­сто­и­ме. Или не­ка би­де за си­те, или за ни­ко­го - ве­ли Ви­о­ле­та Љу­бе­ска, жи­тел­ка на Охрид.

За пом­ла­да­та ге­не­ра­ци­ја, пак, оваа од­лу­ка е ба­нал­на и е одраз на ни­за­та не­до­вол­но ос­мис­ле­ни по­те­зи од стра­на на вла­сти­те, со кра­ток рок на тра­е­ње.

- Мис­лам де­ка ова со пен­зи­о­не­ри­те ќе трае кол­ку што трае ед­на кон­зер­ва. Најм­но­гу, до из­бо­ри. Не знам ве­ќе ка­ква дру­га по­пу­ли­стич­ка про­па­ган­да не ќе им истек­не. Еден ден во не­де­ла­та не е ни­што. А и на­ро­дов е та­ков, ко­га ќе ви­дат оти пре­во­зот е бесп­ла­тен, не­ма да има воз­дух да се ди­ше во авто­бу­си­те. Мо­же­би по­до­бро ре­ше­ние се не­ка­кви по­пу­сти или спе­ци­јал­ни би­ле­ти, кои ќе ва­жат се­кој ден, а не са­мо во пе­ток. Не­ма бел­ки да одат пен­зи­о­не­ри­те во ди­ско - на ше­га об­јас­ну­ва Але­ксан­дар Ми­хај­лов­ски, сту­дент.

Авто­бу­ски­от пре­воз во глав­ни­от град, ве­ќе дол­го вре­ме е те­ма на ди­ску­си­ја на ин­тер­нет-про­сто­рот, ка­де што гра­ѓа­ни­те го изра­зу­ва­ат сво­е­то не­за­до­волс­тво, најм­но­гу по­ра­ди не­ре­дов­ни­те ли­нии.
„Ако ЈСП е кр­во­ток на Скоп­је, то­гаш Скоп­је до­жи­ву­ва ин­фаркт“. Ова е са­мо еден од ни­за­та ду­хо­ви­ти ко­мен­та­ри об­ја­ве­ни на фо­ру­ми­те и на со­ци­јал­ни­те мре­жи.