» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Милошоски-Мета:Односите меѓу Македонија и Албанија добри
Односите меѓу Македонија и Албанија се добри, но потребно е да се работи на продлабочување во економската сфера, оценија денеска на прес-конференција во Тирана министрите за надворешни работи Антонио Милошоски и Илир Мета. Клучни се, како што беше истакнато, проектот на Коридорот 8, како и зајакнувањето на билатералните и трговските односи и соработката и размената на искуства во однос на евроинтеграциските процеси, јави известувачот на МИА.
- Ќе продолжиме да ја градиме Македонија како модел на мултиетничко и демократско општество на претстојниот попис идната година. Граѓаните на Албанија ќе можат да ја изразат својата национална припадност и вероисповед. Тоа ќе биде добра можност за Македонците кои живеат во Албанија како лојални граѓани да ја изразат својата национална припадност и да станат поинтегриран дел на албанското општество, изјави Милошоски.
Претходно, двајцата министри потпишаа протоколи за соработка меѓу двете министерства и за соработка меѓу Директоратот за дипломатска едукација при МНР на Македонија и Дипломатската академија при МНР на Република Албанија.
Шефот на македонската дипломатија ќе има обраќање пред слушателите на Дипломатската академија во Тирана, а потоа ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бамир Топи, претседателот на Собранието Јозефина Топали и со албанскиот премиер Сали Бериша.


