» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Наезда на партиски војници во Клинички
Местата на околу 300 врвни лекари кои го напуштија Клинички центар во последните неколку месеци, се очекува да ги пополнат луѓе чија главна квалификација ќе биде - партиската книшка.
09:00 | 03.09.2010 | Автор: Ирена Мулачка
Лекари со партиски книшки, без искуство, без стручност и со нула заинтересираност за работа, ќе ги пополнат скопските клиники по излегувањето на септемврискиот конкурс за вработување. Откако пред неколку месеци Клиничкиот центар го напуштија околу 300 врвни лекари, јавното здравство функционира во катастрофални услови, а со новиот бран вработување партиски војници, уште повеќе ќе се влоши состојбата, коментираат дел од вработените.Според неофицијалните информации до кои дојде „Шпиц”, Клиниката за гинекологија, која има потреба од 20 лекари, сестри и акушерки, Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување, Рентген и Пластична хирургија се болниците кои имаат најмногу потреба од стручен персонал. Но, од партиски војници никој фајде нема.- Сите се свесни дека јавното здравство пропаѓа и упорно се прават фатални грешки, кои се одразуваат на животот на пациентите. Не може партиската книшка да биде влезница за секаде, а новите вработени да немаат поим од работата што треба да ја работат. Затоа се случуваат трагедии - вели лекар од Клинички, кој сакаше да остане анонимен.
Проблем е и тоа што вработувања се одобруваат и во болниците каде што има превработеност. Една од тие е Клиниката за кожни болести, каде што на крајот на јули е вработен лекар. Директорот Небојша Пешиќ тоа ни го потврди, но револтирано ни кажа дека не сака да зборува на оваа тема. Според јулскиот конкурс, партиски вработувања имало и на Кардиологија, каде што имаше најголем одлив на кадар во приватните болници. Таму пред две недели е примен општ лекар. Во последните конкурси, кои се објавуваат во дневните весници, не се бараат условите како порано, а не се бара ни висок просек, небаре се бараат лекари за селски амбуланти.Андреј Петров, генерален секретар на опозицискиот СДСМ, вели:- Во некои клиники нема кој да работи, а во други има превработеност. Дојде ред само 6 до 8 отсто во болниците да биде медицински персонал, а другите се службеници, градинари и што ли уште не. Како може да си дозволат во една институција да има тројца правници, а да нема доволно стручен кадар?Од Министерството за здравство вчера не сакаа да ни одговорат дали ќе има нов конкурс за вработување. За овие четири години во здравствениот сектор се примени повеќе од 4.000 луѓе, за кои министерот за здравство Бујар Османи честопати тврди дека не се правилно распоредени низ клиниките.