Партиските лидери утре за уставни измени

15:30 | 10.03.2010 | Автор: e-reporter

/

Лидерска средба на која ќе се разговара за уставните измени во делот на Судскиот совет ќе се одржи утре.
На средбата што ја свика премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски учество досега потврдија лидерот на опозициската партија СДСМ Бранко Црвенковски и на владеачката ДУИ, Али Ахмети.
Премиерот Груевски деновиве го отфрли тврдењето на опозицијата дека лидерската средба за уставните промени била на иницијатива на меѓународниот фактор.
„Иницијативата е стара и жалам што во минатото немаше поддршка, но сега имам чувство дека поддршката е поголема и се надевам дека ќе се најде заеднички слух за да се реши ова прашање“, изјави Груевски.

commercial