Почна митингот на СДСМ во Скопје

19:00 | 27.06.2010 | Автор: МИА
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва пред Владата го почна митингот „Ние сме за победничка Македонија“ со кој бара предвремени избори по ноември.Опозициската партија најави дека со митингот сака да се спротивстави на „економското осиромашување, газењето на демократијата и загрозувањето на човековите права, слободата на медиумите и невладиниот сектор, уништување на стопанството и против колапсот во јавното здравство“.
На митингот ќе се обратат лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и претставници на опозицискиот фронт.Поради одржувањето на митингот, денеска се затворени за сообраќај булеварите околу зградата на Владата.