Прегазена жена во близина на штипската населба Три чешми

12:45 | 28.06.2010 | Автор: МИА
На магистралниот пат Радовиш-Велес, во близина на клучката кај приградската населба Три чешми синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа во која е прегазена жена чиј идентитет се уште не е утврден.Ова денеска го соопшти портпаролот на СВР Штип, Снежана Санева и додаде дека жената била удрена од тешко товарно возило со српски регистерски таблички.- Поради сериозноста на повредите жената е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје, земени се крв, урина и отпечатоци од нејзините прсти, со цел да и се утврди идентитетот, рече Санева.Екипи на СВР Штип напрвија увид на местото на сообраќајната несреќа, а ќе биде извршен и технички преглед на товарното возило со кое управувал 33-годишен возач од Нови Сад.