» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Рампата е крената, власта нека се покаже
Собранискиот деловник ќе се гласа во вторник, ако за тоа се договората координаторите на сите пратенички групи на понеделничката координација, најави вчера спикерот Трајко Вељановски, само ден откако СДСМ порача дека прифаќа дека „било каков“ деловник.
Измените на собранискиот деловник, кој предвидува опозицијата да предлага точка на дневен ред на секоја втора седница, во вторник ќе дојде пред пратениците на гласање доколку за ова се согласат координаторите на пратеничките групи на понеделничката координација. Ова вчера го најави првиот парламентарец Трајко Вељановски, само ден откако СДСМ обзнани дека ќе прифати дека ќе поддржат „било каков“ деловник предложен од ВМРО-ДПМНЕ и кажа дека пратениците од редовите на најголемата опозициска партија се враќаат на собраниските координација без разлика што ќе се разговара таму.
- Ја поздравувам секоја изјава што придонесува за деблокирање и реактивирање на политичкиот дијалог без оглед кои биле причините за тоа. Доколку и сакаме добро на Република Македонија треба да гледаме напред. Се надевам дека за брзо време ќе се потврди она што беше кажано од страна на СДСМ и на редовните координации ќе дојдат координаторите на пратеничките групи и ќе го изнесат нивниот став, но и ставот на пратеничката група на НСДП, ЛДП, Нова алтернатива кои ќе го искажат ставот дека ги поддржуваат измените на Деловникот – рече тој, изразувајќи надеж дека политичкиот дијалог чекор по чекор ќе се гради во законодавниот дом и оти Македонија ќе добие позитивен извештај од Европската комисија во делот на Парламентот.
Според експертите, подадената рака на СДСМ да се откаже од условот за формирање на посебно собраниско тело за контрола врз трошењето на народните пари и безусловната подршка за деловникот, треба да ја прифати ВМРО-ДПМНЕ, со цел двете најголеми политички партии да изградат конструктивен политички дијалог во пресрет на годишниот извештај на Европската комисија.
Универзитетскиот професор Стево Пендаровски објаснува дека генералната оценка за напредокот на земјава е веќе искристализирана, но на земјава и остануваат последните 30 дена до затворањето на извештајот да се обиде колку-толку да ја поправи перцепцијата на ЕУ за Македонија.
- Триесет од 150 страници од извештајот на ЕК се веќе напишани. Овој месец не знам колку суштински можеме да го промениме впечатокот на ЕУ за земјава, имајќи ги во предвид на Советот за соработка во јули околу партизираната администрација, неефикасното судство и притисоците врз медиумите - песимист е Стево Пендаровски, универзитетски професор.


