Ромите се обединија против Франција

09:00 | 09.09.2010 | Автор: Шпиц

/ Францускиот конзулат и Делегацијата на Европската унија во Скопје вчера
беа локациите каде што стотина македонски Роми го изразија својот револт за дискриминаторската политика на Франција кон Ромите и номадите. Азријан Мемедов од невладината „Рома Верситас“ вчера истакна дека Франција планира да уништи 300 кампови на Роми во следните три месеци, лани 10.000 нивни сонародници биле испратени „дома“, надвор од земјата на галските петли и околу 1.000 Роми биле депортирани во Романија и во Бугарија. Демонстрантите побараа итно запирање на присилната сегрегација и гетоизација во ЕУ и упатија апел за прекин на стигматизацијата врз Ромите, како и нивно интегрирање во европското општество.

commercial