Васко Наумовски се сретна со италијанскиот министер за надворешни работи Фратини

11:45 | 12.03.2010 | Автор: МИА

/ Вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски во рамки на работната посета на Италија вчера се сретна со министерот за надворешни работи Франко Фратини и со министерот за внатрешни работи Роберто Марони.
Наумовски, како што денеска соопшти Секретаријатот за европски прашања, имал средби и со претседателот на Комисијата за европска политика Лучиана Болди и со претседателот на Комисијата за надворешни работи во италијанскиот Парламент, Стефано Стефани.
На средбите вицепремиерот Наумовски ги презентирал реформите кои се спроведуваат за исполнување на критериумите за членство во Европската унија и цврстата определба на македонската Влада да продолжи со активностите од европската агенда. На средбите е потврдена поддршката за европската интеграција на Република Македонија.

commercial