Велешани бараат крв од таткото-монструм

„Шпиц“ од свои извори дозна дека таткото во повеќе наврати ја малтретирал сопругата и тие биле чести гости во полициската станица. Двајцата биле невработени, а мајката на злоупотребените деца зад себе имала претходен брак, со Грк.

09:00 | 27.08.2010 | Автор: Петре Ристовски

Шок, неверување, револт и агресивност искажаа вчера жителите на Велес во врска со монструозниот случај на педофилија, во кој татко со години ги силувал своите деца. „Да се обеси на плоштад, да даде Господ во затвор да го снајде истото што тој им го правел на кутрите деца и да го сечат дел по дел, мене да ми го дадат, јас да му пресудам“, беа најчестите коментари на велешани, кои не можат да поверуваат како е можно човек да биде толку суров за да си ги силува сопствените деца кои се на возраст од 3, 5 и од 7 години. Според вчерашната изјава на портпаролката на велешката полиција Анита Стојковска, четириесет и едногодишниот монструм, чиј идентитет се крие поради чувствителноста на случајот, ќе заработи две кривични пријави. Едната за родосквернавење на децата и втората за нанесување телесна повреда на триесет и осумгодишната сопруга. - Гинеколошкиот преглед на три од четирите деца на осомничениот покажал дека има дефлорација кај девојчињата, нивната мајка во изјавата за полицијата тврди дека не знаела за злоделото, а девојчињата, иако многу уплашени, сами го потврдиле злосторството. Во разговорот со нив станало јасно дека таткото педофилскиот акт го вршел кога мајката не била дома, а за среќа најмалото, едногодишно девојче, според медицинските тестови не било жртва на осомничениот - изјави Стојковска. Таа истакна дека двајцата родители биле невработени, преку трети лица дознале за случајот со педофилија, а сопругата долги години била жртва на насилниот сопруг, но иако тој во повеќе наврати се однесувал недолично, против него досега немало поднесено никаква пријава. Изјавата на таткото-монструм во полиција била дека тој не е виновен за делата за кои се обвинува.
„Шпиц“ од свои извори дозна дека таткото во повеќе наврати ја малтретирал сопругата и тие биле чести гости во полициската станица. Двајцата биле невработени, а мајката на злоупотребените деца зад себе имала претходен брак, со Грк. Несреќното семејство живее на околу 500 метри од полициската станица во Велес, а на само неколку метри од нивното живеалиште се наоѓа и домот на седумдесет и тригодишниот педофил Дејан Спасов-Делчо, кој лани беше осуден на 13 години затвор за изживување врз две единаесетгодишни близначки. Соседите на таткото-монструм се згрозени од фактот дека во нивната населба живееле двајцата озлогласени велешани, за кои побараа смртна казна. - Не можам да поверувам дека во нашево маало живеел таков гад од човек, а никогаш не сум ги сретнала ниту него, ниту жена му со децата, само од соседите чув дека имал проблеми со алкохолот и бил страшно љубоморен на сопругата - изјави за „Шпиц“ средовечна велешанка, која живее во непосредна близина на местото каде што се случувале грозоморните педофилски сцени.
Според психолозите, покрај фактот дека децата најверојатно ќе имаат трајни физички и психички последици од силувањата, не смееле тие повторно да бидат вратени во домот каде што ги доживувале траумите. Децата сега се во домот, заедно со мајката, која иако дала изјава во полиција дека не знаела за силувањето, сепак институциите треба да го дадат одговорот дали е можно таа да не ги забележала физичките промени кај децата при одржувањето на нивната хигиена.