» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
ВМРО-ДПМНЕ: Митингот на СДСМ фијаско
15:00 | 28.06.2010 | Автор: МИА
На вчерашниот митинг на СДСМ според информациите објавени во скоро сите медиуми присуствувале околу 8 илјади луѓе. Митингот беше фијаско, проследено со празен говор на Црвенковски, во кој ништо не кажа, не понуди решенија и алтернативи.Ова го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски, како реакција на денешната прес-конференција на неговиот колега од СДСМ Емилијан Станковиќ.- И таа бројка е за почит, но она што вознемирува е фактот дека говорот на Бранко Црвенковски на вчерашниот митинг, во 2010 година, во целост потсетуваше на неговите говори од 2002 година, полни со напади, навреди, без ниту едно предложено решение, и без став за решавање на прашањето за името, рече Бичиклиски.Според него, митингот на СДСМ служел само како кураж на членството поради депримираноста која, вели, владее откако Црвенковски е претседател на партиајта, а чии денови во политиката, како што наведе се одбројани.


