» Најкоментирани од последната недела:
Во сабота лични документи во Управната служба на СВР Скопје
15:00 | 18.03.2010 | Автор: МИА
Како што соопшти МВР, во просториите на МТВ, управните служби ќе работат исклучиво на издавање на веќе готовите лични документи (пасоши, лични карти, возачки дозволи) за сите граѓани кои телефонски или преку СМС пораки добиле известување за изработените лични документи.
Од МВР, апелираат, дека во интерес на граѓаните е сите оние што добиле такви известувања благовремено да дојдат и да ги подигнат.


