» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Во убиениот не пукал Хаџибулиќ
Парафинската ракавица земена од дланките на осомничените за убиството на Мирсан Кријешторац, кое се случи во понеделникот околу 16.30 часот на булеварот Партизански одреди, покажала дека дваесет и двегодишниот Јасмин Лесковица го извршил убиството, а Харун Хаџибулиќ учествувал во тепачката која му претходела.
„Шпиц“ неофицијално дознава дека токму Јасмин Лесковица бил спасителот на дваесет и седумгодишниот келнер Нермин Хајрадиновиќ, кој во петокот беше тешко повреден со нож во скопско Топанско Поле. Како што потврди Нермин, Јасмин му го спасил животот откако му ја фатил раката на разбојникот, кој со нож се обидел да го убие, а притоа лутиот напаѓач му ја изгризал раката, со намера да се ослободи и да го дотолчи Нермин. Според Хајрадиновиќ, нема врска меѓу нападот врз него и убиството во понеделникот.
Од МВР потврдија дека кај Лесковица се пронајдени остатоци од барутни честички на рацете, а пред ладнокрвното убиство, двајцата осомничени крвнички го претепале починатиот и неговиот пријател Кенан Кучевиц. Завчера вечерта почна распитот во скопскиот кривичен суд, но во судот се појави само Лесковица, додека Хаџибулиќ поради болки во стомакот и гадење, бил префрлен во Ургентниот центар, но сепак тоа не му помогнало да добие домашен притвор. Истражен судија на двајцата приведени им одреди триесетдневен притвор, а на распитот Хаџибулиќ и Лесковица се бранеа со молчење.
Пиштолот марка „црвена застава“, со кој е извршено убиството, бил најден во влезот од зградата каде што се случило убиството, а засега единствено непозната е причината за пресметката затоа што Хаџибулиќ и Кријешторац, не биле бизнис-партнери, а според непотврдените шпекулации и двајцата сакале во зградата каде што се случи убиството да отворат стриптиз-бар.
Двајцата осомничени имаат дебело полициско досие, а според полицијата, пред шест дена зеле рекет од бизнисмен, а претходно биле учесници во изнудувања, насилства и убиства.


