» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Жените го бркаат Османи од фотелја
Крајно време е министерот Османи да си поднесе оставка, ако барем малку има некаков морал во него. Овде не се работи само за смртта на родилките и бебињата, туку за целокупната лоша состојба во здравството. Мислам дека е во ред за се што се случи министерот да понесе одговорност - објаснува Нада Дуковска, член на Националниот совет на жени, СОЖМ.
Над 100.000 жени вчера побараа оставка од министерот за здравство Бујар Османи, откако го обвинија за лошото менаџирање во здравствениот сектор. Иако жените реагираа по осум дена, според нив недозволиво е во една година родилките и бебињата да умираат, во породилиштата да нема доволен и стручен кадар, да се работи без медицинска опрема и лекови.- Крајно време е министерот Османи да си поднесе оставка, ако барем малку има некаков морал во него. Овде не се работи само за смртта на родилките и бебињата, туку за целокупната лоша состојба во здравството. Мислам дека е во ред за се што се случи министерот да понесе одговорност - објаснува Нада Дуковска, член на Националниот совет на жени, СОЖМ.Савка Тодоровска, претседателка на СОЖМ, вели дека нема да преземаат радикални мерки, бидејќи се досега за што апелирале и барале, го правеле на цивилизиран начин. - Сите знаеме дека решенијата не се добиваат со радикални мерки, тие се добиваат со договор. Крајно време е да се преземе нешто. Апелираме и бараме од владата, Министерството за здравство и Фондот за здравство веднаш да преземат итни мерки и да овозможат услови за безбедно мајчинство - истакна Тодоровска. Бранко Аџигогов, портпарол на Фондот за здравство, иако имаше спремен говор, по излагањето на дел од жените одлучи да не дава никаква изјава, сметајќи дека немало потреба за тоа.
Ова не беше прва родилка и прво бебе кои починаа оваа година, во претходните месеци починаа уште седум други родилки. Министерството за здравство пред неколку дена најави протоколи, континуирана медицинска едукација на гинеколозите, редовни скрининзи и редовен стручен надзор, со цел да се подобри алармантната состојба во македонските породилишта.
Министерството за здравство остро и револтирано реагираше по изјавата на Националниот совет на жени, кои побараа оставка од министерот Османи. Од таму се прашуваат чии интереси ова здружение штити, зошто досега не покажале никаков активен интерес во работата на министерството.


