» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Две кинески образовни установи, зад хакерскиот напад на „Гугл“
13:15 | 19.02.2010 | Автор: Шпиц
Серијата недоамна изведени хакерски напади на интернет пребарувачот „Гугл“ и на компјутерските мрежи на над 20 американски корпорации се доведени во врска со еден елитен кинески универзитет и стручна школа, поврзана со војската, покажуваат резултатите од досегашната истрага на случајот.
Неименуван извор изјави дека според досегашниот тек на истрагата станува збор за универзитетот Џаотонг во Шангај и за стручната школа Лансџианг, во источната кинеска провинција Шандонг, пишува весникот „Њујорк тајмс“. Лансџианг го поседува еден од најнапредните компјутерски обрзовни програми во Кина и основана е со поддршка на војската.
Лицата вклучени во истрага на нападите, кои имале за цел кражба на деловни тајни, компјутерски шифри и податоци за електронските пошти на кинески борци за човекови права, велат дека тие почнале уште во април минатата година, неколку месеци порано од претходните проценки.
„Гугл“ на 12 јануари соопшти дека неговиот пребарувач и компјутерските мрежи на други компании кон средината на декември биле изложени на напади, кои веројатно потекнуваат од Кина.