» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
„Гугл“ - над 10.000 барања од влади, за податоци на корисниците
12:45 | 21.04.2010 | Автор: МИА
Google и YouTube, компанија во сопствеништво на Google, во интервал од половина година завршно со 31 декември 2009 година, добиле 10.000 барања од влади од светот за податоци за корисници.
- Редовно добиваме барања од владини агенции од цел свет за бришење содржини од наши страници, или за информации за корисници на наши услуги, наведуваат од компанијата. Најголем дел од тие барања се однесуваат за криминалистичка истрага, а има и голем број други барања за бришење содржини како што е детска порнографија. Од американската Влада во тој период во Google добиле 3.580 барања за доставување податоци за корисници, што е помалку отколку од Бразил - 3.666 такви барања. Бразил исто така поднел најмногу барања за бришење на тие содржини - 291, по што следат Германија, Индија и САД. Компанијата се согласила за околу 80 отсто барања, во целост или делумно.- Се уште не сме одлучиле како ќе ги категоризираме тие барања во согласност со намерата за одржување транспарентност, наведува компанијата.