» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Хакер во Летонија објавува доверливи финансиски податоци
Непознат хакер во Летонија, кого медиумите го нарекоа Робин Худ, на националната телевизија и достави доверливи финансиски податоци за банки и државни фирми.Хакерот, кој го користи прекарот Нео, исто како и главниот јунак на филмот „Матрикс“, тврди дека сака граѓаните да дознаат како се богати во Летонија за време на рецесија. Нео и` привлече внимание на јавноста објавувајќи детали за водечки летонски фирми по пат на Интернет мрежата Твитер, а потоа проследувајќи ги до националната телевизија. Хакерот досега објавил податоци за заработката на менаџерите од банката на која и е доделена државна помош, како и извештаи дека голем број банкари не ги намалиле своите плати, иако тоа било најавено.Нео, за кого се верува дека живее во Велика Британија, тврди дека дошол до над седум милиони доверливи даночни документи од надлежните државни служби.Владата и полицијата на Летонија покренаа истрага за случајот.


