» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
ХП Слејт - новиот таблет кој му се заканува на Ајпедот
Уредот би требало да има 32 гигабајти флеш-меморија, а рамот е скромен и непроширлив - 1 гигабајт. Наскоро ќе биде достапна и верзија со 64 гигабајти флеш-меморија за 600 долари
20:00 | 07.04.2010 | Автор: Предраг Кукиќ
Популарниот блог за технологија „Енгаџет“ објави информации за новиот таблет на ХП - Слејт, еден од конкурентите на Епловиот Ајпед, кој се појави во продажба во саботата. Според нивните информации, цената за уредот ќе биде 550 американски долари. „Енгаџет“ објавува дека за процесор е одбран интеловиот $$Атом З530$$ на 1,6 гигахерци како и интегрирана $$УМА$$ графика, но со дополнителен чип за репродукција на ХД видео.
Уредот би требало да има 32 гигабајти флеш-меморија, а рамот е скромен и непроширлив - 1 гигабајт. Наскоро ќе биде достапна и верзија со 64 гигабајти флеш-меморија за 600 долари.
Што се однесува до соодносот „гигабајти - пари“ - Слејт го победува Ајпед. Основниот модел на Ајпедот е поевтин и чини 500 долари, но има само 16 гигабајти меморија, модел кој ХП нема да го понуди. ХП ќе бара 550 американски долари за 32 гигабајти, а Епл 600, додека за верзијата од 64 гигабајти Слејтот ќе чини 600 долари а Ајпедот 700. Исто така, предноста кај Слејтот е тоа што може да се додаде дополнително меморија преку СД картичка, можност која Ајпедот не ја нуди.
Сепак, уредот ќе може да издржи само 5 часа работа со едно полнење на батеријата. Доколку му се верува на „Енгаџет“, ова е всушност и најголемиот проблем со овој уред. Целта на преносните уреди (посебно таблетите) - е да бидат преносливи и достапни цело време, но овој податок не покажува дека тоа е случај со Слејтот. Всушност, доволно е само да се спомене дека батеријата на Ајпадот издржува двојно повеќе, односно и до 10 часа работа. Со оглед на тоа што ова е една од поважните карактеристики, ХП може да смета дека ја губи битката со Епл на ова поле.
Уредот доаѓа и со $$СДХЦ$$ порта, две камери (од предната и задната страна), УСБ порта, портата за сим картичка за 3Г моделот, аудио и $$ХДМИ$$ излез. Екранот е помал отколку оној на Ајпедот и во дијагонала е 8,9 инчи со резолуција од 1024х600 и е со мултитач технологија.
Не се знае кој оперативен систем ќе биде искористен за уредот, но најверојатно тоа нема да биде Виндоус 7, бидејќи тешко дека би се снашол на само еден гигабајт РАМ меморија. Сепак, аналитичарите велат дека тоа е добро бидејќи Седумката е направена за работа со тастатура и глувче, а не за на таблет, кој треба да го редефинира користењето на сметачите.
Доколку се знае дека Ајпедот воопшто нема камера, различно е мислењето за двете камери кои ги поседува таблетот на ХП. Најголемиот дел од критичарите велат дека оправдана е само едната камера - таа која е наменета за „себеснимање“, односно за видеочатување, слично како што имаат и повеќето лаптопи, и немањето ваква камера кај Ајпедот го наведуваат како голем недостаток. Сепак, не размислуваат вака за втората камера, која би требало да служи за фотографирање и снимање на околината и која се наоѓа од задната страна на уредот. Се работи за 3-мегапикселна камера, но според тоа што е прикажано на промотивното видео, а и според логиката, користењето на оваа камера е прилично непрактично и смешно. Посебно ако се знае дека голем дел од телефоните имаат такви или подобри камери.
Таблет војната се разгорува - интернет-сајтовите и форумите се полни со коментари, а исходот и победникот го очекуваме во месеците кои следат. Засега погледнете го промотивното видео за Слејтот на $$оњ.лѕ/1вмек$$.


