» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Интернетот, основно човеково право
Големо мнозинство од луѓето во светот веруваат дека пристапот кон интернет мрежата е едно од соновните човекови права, покажува истражувањето на Светскиот сервис на Би-Би-Си, спроведено во 26 земји на сите континенти.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, дури четири петини од учесниците во истражувањето сметат дека секој човек во светот има право да користи интернет. Сличен процент од анкетираните е на мислење дека користењето на интернетот придонесува и за поголеми слободи на луѓето. Мнозинството од оние кои учествувале во испитувањето на Би-Би-Си во Јужна Кореја и во Нигерија се противат на какво било ограничување во сегашното користење на интернетот. За создавање на регулатива и за определени ограничувања во пристапот кон светската мрежа се мнозинството од луѓето во Кина, но и во Велика Британија.
Ваквот британски показател не се смета за изненадување со оглед на се позачестените сознанија за „вклученоста“ на интернетот во ширењето на порнографијата и педофилијата, како и за „обвинувањата“ што во домашната јавност се слушаат за сметка на страниците за социлано дружење, како што се фејсбук или твитер.
Истражувањето на Светскиот сервис на Би-Би-Си е организирано по повод 25 годишнината од појавата и користењето на интернет мрежата. Сега 25 отсто од луѓето во светот имаат пристап до интернет мрежата, но во Бангладеш тоа човеково право може да го користат само еден отсто од тамошното население.


