» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Камерите на Google непожелни во Словенија
Возилата со камери кои снимаат улици низ светот за апликацијата на Google - „Street view“, во Словенија мораат претходно да се најават, за да не се нарушат приватноста и човековото достоинство.
Екипи со возила кои снимаат кадри, што потоа можат да се најдат на интернет, како што јавија локалните медиму, се забележани во близина на граница меѓу Словенија и Австрија. Претставничката на словенечката влада за заштита на приватноста Наташа Пирц Мусар предупреди дека снимањето луѓе и објавување на снимките без нивна дозвола во Словенија е забрането со закон.
„Што се однесува за сервисот на Google, мислам дека во согласност со нашите закони тие претходно би морале да ја известат јавноста за местото и времето на снимање“, изјави Мусар за љубљанскиот весник „Журнал“.
„На возилата не можеме да им го забраниме влезот во државата, но според законите можеме да ја спречиме обработката и објавувањето на личните податоци“, објасни Мусар, додавајќи дека при такви снимања мора да се „затемнат“ лицата на луѓето и регистарските таблички.
Словенечките медиуми објавија дека камерите на Google во Финска снимиле човек со спуштени панталони во неговата градина, додека во Франција била снимена жена како стои на прозорец со длабоко деколте.


