» Најкоментирани од последната недела:
Македонија скокна според комуникациските технологии
Македонија напредна за 12 места на скалата за развиеност на информатичкото општество, покажа најновиот извештај на Меѓународната телекомункциска унија(ITU).
Во овогодишниот извештај, кој всушност сумира податоци од 2008 година, Македонија во конкуренција на 159 земји е рамгирана на 51 место, додека во 2007 била на 63 место, јавува еРепортер.
Пред Македонија е Словенија (26), која е и најдобро рангирана од земјите во регионот , потоа Грција (30), Хрватска (36), Бугарија (43), Романија (44) и Црна Гора (47).
Во регионални рамки зад Македонија се Србија (53), Турција (57), БиХ (64) и Албанија (83).
Индексот се состои од 11 показатели, кои опфаќаат достапност на телекомуникациските услуги.
Како и секоја година, највисоко на ранг листата котира Шведска, а зад неа се Луксембург и Јужна Кореја.
Извештајот покажува дека и покрај светската економска криза, цените на телекомуникациските услуги паѓаат , но тие и понатаму се тешко допстапни за населението во повеќето држави.
Според последните податоци од 2009, во светот се регистрирани 4.6 милијарди корисници на мобилни мрежи, а интернет користат околу 1.7 милијарди луѓе или околу 26 отсто од светската популација.


