» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
„Сони“ го запира производството на класични дискети
16:00 | 27.04.2010 | Автор: МИА
Дискети од 3,5 инчи, симбол на првите персонални компјутери кои се појавија на пазарот во 80-тите години на минатиот век, конечно во март 2011 година ќе заминат во историјата, соопшти јапонската компанија „Сони’’, која е последна што ги произведува.
„Сони’’ минатата година продаде само 8,5 милиони парчиња од дискетите во споредба со повеќе од 47 милиони во 2002 година.
Носталгичните, сепак ќе можат да ги набават своите омилени дискети во Индија, каде „Сони’’ ќе продолжи со продажба уште некое време.
„Епл’’ е првиот производител на информатичка опрема кој ги отфрли читачите на дискети од своите персонални компјутери и ги замени со ЦД-ромови, УСБ приклучоци и цврсти надворешни дискови.


