» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Сони „Плејстејшн 3“ не може да се приклучи на мрежа
Корисниците на „Плејстејшн 3“ (ПС3) останаа шокирани синоќа поради неможност да се поврзат на интернет мрежата „ PlayStation Network“ која на фановите на тој уред им овозможува да играат „ multiplayer“ игри и да купуваат содржини за нив. Интернет мрежата на Сони, како што пренесува „еРепортер“, има околу 38 милиони корисници ширум светот, а еден од клучните елементи за задоволство во искуството на „ PlayStation“ се „ multiplayer“ игрите кои им се омилени на сите.
Проблемите се јавија синоќа, додека Сони потоа беше принуден да признае дека постојат пречки во мрежата кои нивните техничари се обидуваат да ги отстранат што е можно побрзо.
Според пишувањата на блогерите и „Твитер“ мрежата на адреса на филијалата на Сони во САД, се истакнува дека проблемот ги погодил само корисниците на „Плејстејшн 3“, додека корисниците на постарите модели немаат проблеми со поврзувањето на мрежа.
„Проблемот се уште не е решен“, соопшти централата на Сони во Јапонија.
„Се обидуваме да ги откриеме причините и што е можно побрзо да ја овозможиме услугата на поврзување. Ќе се јавиме за развојот на ситуацијта штом ќе имаме нови информации„, е објавено на линкот на Сони на Твитер.
Корисниците на „Плејстејш 3“ сами се обидуваат да ги откријат причините на проблоемот. Повеќето шпекулираат дека проблемот е сличен на „миленијумската бубачка“, односно предвидувањето дека сите сметачи во светот ќе се соочат со сериозни проблеми кога ќе почне да се смета времето од 2000 година. Само кај Сони, предвидувањата беа дека тој проблем би требало да се јави при преминот од 28 февруари кон 1 март, 2010 година.
Гласините не се потврдени, но корисниците тврдат дека не можат да ги играат игрите ниту во „ offline modе“, што дополнително ги зачудува.


