» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Шпанија - разбиена мрежа од хакери
10:15 | 03.03.2010 | Автор: МИА
Шпанската полиција разби мрежа хакери кои заразиле повеќе од 13 ммилиони компјутери со вирус кој го крадел бројот на кредитни картички и други доверливи податоци.
Полицијата соопшти дека се уапсени три лица осомничени дека заразиле компјутери во 190 држави, во повеќе од половината од најголемите во светот илјада компании и најмалку 40 големи финансиски институции.
Две компании за интернет-безбедност и помогнале на полицијата да ја разбијат мрежата.
Вирусот бил програмиран да ги регистрира сите удари по тастатурата на заразените компјутери и да ги препраќа податоците во „команден и контролен центар“ каде хакерите ги складирале податоците. Шпанските власти за денеска најавија прес конференција со детали за случајот.


